Повик за учесници за тренинг семинар “Peacetron“

Во рамки на проектот „Трансформерс“, ко-финансиран од Еразмус+ програмата на Европската Унија, каде Сојузот за младинска работа е една од партнерските организации, се подготвува првиот тренинг семинар “Peacetron”.

“Peacetron” е обука за дигитално раскажување (digital storytelling) и продукти со креативни содржини што го промовираат разбирањето и позитивните вредности помеѓу младите луѓе. Целта на обуката е да ги јакне капацитите на младинските работници за разбирање на формата и методологијата на раскажувањето (storytelling), да истражи различни дигитални алатки и форми соодветни за изразување и креирање на медиски содржини преку кои се кажува „приказната“.

Доколку сте заинтересирани, пријавете се на овој линк најдоцна до 10 март, 2022 година.

📌Каде? Велики Гај, Србија
📆Кога? 21-29 март 2022
👥За кого? 3 учесници/чки мотивирани младински работници/чки

Ве очекуваме!

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp