Повик за учесници на обука за програма за образование на возрасните – Работник со млади

Институцијата за образование на возрасните Сојуз за младинска работа објавува повик за учесници на обука за Работници со млади, врз основа на Стандардот на занимање – Работник со млади. одобрен од Министерство за труд и социјална политика во 2018 година и Портфолиото на младински работници

Цел: Програмата за Работници со млади има за цел да ги развие способностите на учесниците за планирање, спроведување, следење/мониторинг и проценување/евалуација на работа со млади заради помагање на нивниот личен развој и унапредување на нивното активно учество во животот во заедницата.

Ниво на квалификација според Национална рамка на квалификации: IV ниво

Број на часови: Обуката вклучува вкупно 208 часови распоредени како:

  • ●  теоретски дел: 144 интерактивни часови од по 45 мин

  • ●  60 часови од по 45 минути – практична работа во организација и

  • ●  4 часови испитна работилница

    Начин и период на одржување на обуката: Обуката ќе се спроведе во временски период од четири месеци, од кои три месеци за теоретскиот дел и еден месец за практичната работа. Поради состојбата предизвикана од Ковид19, теоретскиот дел од обуката ќе биде спроведен на интернет.

    Обуката ќе биде спроведена во период февруари – мај 2022 година. Часовите ќе се одржуваат во попладневните часови и за време на викенди. Програмата започнува на 15ти февруари, а точните термини за часовите ќе бидат споделени дополнително со групата на учесници на обуката.

    Звање: По завршувањето на обуката, учесникот ќе се стекнe со звање – Работник со млади и ќе биде способен да ги обавува функциите опишани во Стандардот на занимање – Работник со млади.

page2image58660960

Вид на јавна исправа која ја стекнува учесникот: Сертификат за завршена обука за занимање – Работник со млади, одобрен од ЈУ Центар за образование за возрасни.

Критериуми за избор на учесници:

  • ●  Возраст над 18 години.

  • ●  Завршено минимум средно образование и минимум една година искуство во

    волонтирање или работа во младинска организација/организација за млади.

  • ●  Познавање на македонски јазик. Познавање на некој од јазиците на заедниците и

    англиски јазик ќе се смета за предност.

    Број на учесници: Обуката ќе се спроведе со една група од 15 учесници
    Цена за учество: 12 000 МКД
    Важно: Со сите учесници ќе биде потпишан договор за следење на програмата за образование за возрасни според правилата на ЈУ Центар за образование на возрасни.

    Начин на пријавување: Преку пополнување на формуларот достапен на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfcakL61- 7cdNWaQ78_uZc5LkynxaavFG_PcuFFTSRuxXEehQ/viewform?usp=sf_link .

    Краен рок за пријавување е петок, 31ви јануари 2022.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp