Повик за учесници на тренинг курс

Повик за млади кои живеат во руралните области во битолскиот регион, на возраст од 15-23 години и се мотивирани да станат активни граѓани во нивните заедници, да учествуваат на тренинг курс во склоп на проектот Рурални Херои!
ДАТУМ: 19-24 јули
ЛОКАЦИЈА : Битола
УЧЕСНИЦИ: 20 учесници
ВОЗРАСТ: 15 – 23
Целта на овoј проект е да го поддржи градењето на капацитетите на локалната младина во руралните области во Општина Битола, преку вклучување во дизајнирање на локални активности, промовирање на активно граѓанство и учество во активности за донесување одлуки.
За проектот :
РУРАЛНИ ХЕРОИ е проект финансиран од Совет на Европа, кој има за цел да ги зајакне компетенциите на младите од оддалечените рурални области на општина Битола и да им помогне да станат активни граѓани и преку стекнување на нови вештини и алатки за тоа како да промовираат активно учество на руралните млади во процесот на донесување одлуки на локално ниво.
Активности на проектот:
-Обука за 20 заинтересирани млади луѓе
-Локални активности во 5 села во општина Битола
-Студиска посета на советот на општина Битола
-Дискусија со носители на одлуки од општина и локалната агенција за економски развој од регионот на Пелагонија
-Креирање на документ со препораки од младите кои живеат во руралните средини за подобрување на животот на младите во истите
За повеќе информации и апликација за проектот, пратете ни емаил на [email protected] со наслов Рурални Херои.

Сподели на