Повик за учесници: Обуки за планирање и менаџмент на младински проекти

Канцелариите на Мировен копрус (Peace Corps) и Регионалната Канцеларија за Младинска Соработка (RYCO) од Република Северна Македонија имаат отворено повик за учесници за учество на циклус на обуки за планирање и менаџмент на младински проекти.

Обуката ќе се одржи во текот на мај, 2021 во 4 модули:
– 05.05.2021 – Проектен дизајн и менаџмент 1 (анализа на потреби)
– 12.05.2021 – Проектен дизајн и менаџмент 2 (имплементација)
– 19.05.2021 – Можности за финансирање на проекти преку RYCO и планирање на проекти
– 26.05.2021 – Финансиско работење со проекти

Обуките ќе бидат организирани во онлајн форма од 12:00h до 15:00h на ZOOM платформата.

Обуката е наменета за вработени, членови или волонтери во невладини организации и/или средни училишта од Република Северна Македонија.

Бројот на учесници е органичен. Пријавете го вашето учество најдоцна до 26ти Април, 2021. Сите избрани учесници ќе бидат информирани на својата меил адреса најкасно до 1ви Мај, 2021

Работен јазик на обуките ќе биде македонски јазик.

Учесниците што ќе ги проследат обуките на крајот ќе добијат сертификат за учество од Peace Corps и RYCO.
За добивање на сертификат е потребно учество на сите работилници.

За да се пријавите, кликнете тука.

Сподели на