ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – СТУДИСКА СЕСИЈА: „МУЛТИСЕКТОРСКА СОРАБОТКА ЗА ИНКЛУЗИЈА НА МЛАДИТЕ РОМИ И МАРГИНАЛИЗИРАНИТЕ ГРУПИ“

Позадина на студиската сесија:

Врз основа на длабинско истражување од 2020 година спроведено ширум Европа во кое беа вклучени стотици млади Роми и младински граѓански организации, спроведено од страна на меѓународната мрежа Фирен Аменка и меѓународната Ромска младинска мрежа ternYpe, еден од главните предизвици со кои се соочуваат младите Роми, всушност е младинското учество. 57% од младите Роми доживуваат пречки за учество во јавниот и општествениот живот. Политичкото учество на младите европски Роми останува исклучително ниско. Дополнително, во Националните младински совети и во работата и програмите на младинските организации постои голем недостаток на Ромско младинско учество.

Националните младински совети на Северна Македонија, Романија, Украина, Националниот младински форум на Бугарија и Регионалната Ромска образовна младинска асоцијација во партнерство со Одделот за млади на Советот на Европа организираат Студиска сесија со цел да се отвори дискусија за важни прашања за социјалната инклузија на младите Роми и останатите маргинализирани групи со посебен фокус на нивното активно учество во процесот на одлучување како на национално така и на полокално ниво.

Цели и намери

Цел: Да се зајакнат капацитетите на ромските и неромските младински организации и младинските претставничките тела со цел да се зголеми учеството на младите Роми и останатите маргинализирани групи во и надвор од нивните структури.

Намери:

  • Да се поттикнат и изградат компетенциите на учесниците да се залагаат за правата на младите Роми и останатите маргинализирани групи во рамките на претставничките тела на локално/национално/меѓународно ниво;
  • Да се истражат добрите практики на младите Роми и маргинализираните групи при инклузијата и учеството во процесите на одлучување во нивните земји;
  • Да се формулираат препораки за зголемување на учеството на Ромите и маргинализираните групи и да се овозможат последователни партнерства и активности на национално и меѓународно ниво;

Кој може да аплицира?

Бараме 30 млади учесници со потекло од европските земји на возраст од 18 до 30 години, со фокус на:

  • Млади Роми и останати маргинализирани групи;
  • Претставници на Националните младински совети како мрежи;
  • Претставници на локални (младински) консултативни структури (советодавни одбори, општински младински совети);
  • Претставници на младински организации.

Кога и каде?

Студиската сесија ќе се одржи oд 22-ри мај до 27-ми мај во Европскиот младински центар во Будимпешта (EYCB), Унгарија. Датумите на патување од и до Унгарија се 22-ри мај и 27-ми мај.


Јазик и формат

За време на студиската сесија ќе се користи англиски јазик.

Настанот ќе се одржи по формат и методологија на неформално образование.

 

Процедура за аплицирање:

Краен рок за пријавување е: 2 мај, 2022 година.

Апликантите можат да аплицираат преку нашиот онлајн формулар следејќи го овој линк.

*Само избраните учесници ќе бидат контактирани по завршувањето на процесот на селекција.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp