Повик за учесници/чки од 18 до 29 години

Либерален Институт Скопје објавува јавен повик за учесници/чки на возраст од 18-29 години за учество во KA154-YOU-Youth participation activities во 7 – месечен тренинг (еден викенд месечно) за учество на младите во граѓанското општество и подигање на свеста за заедничките вредности на Европската Унија, промовирајќи еднакви можности за млади луѓе од различно културно, социјално и економско потекло. Нашата цел е да ги поттикнеме младите луѓе да бидат активни учесници и креатори на младински политики, да обезбедиме можност за нивно активно вклучување во планирањето на активностите и процесот на одлучување на организациско ниво и подигање свесноста за заедничките вредности и приоритети на ЕУ, како и за Законот за млади во Северна Македонија преку работилници за тимски активности, подготовка на стратегија и акционен план и проектно планирање на одредена тема – Мобинг против жените на работното место.
🗓 Обуката ќе биде спроведена од 15 Февруари до 15 Август 2022 година.
⏳ Рокот за пријавување е до 07.02.2022 година.
⬇️Во прилог линкот за пријавување:
📩Сите информации за обуката можете да ги добиете на следниот маил: [email protected] и на 078-689/500.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp