Повик за учество во младинска акцелераторска програма

Во склоп на проектот „МладиХаб – градење вештини за вработување, компетенции и можности за вмрежување за младите”, Националниот младински совет на Македонија отвoра можност за повеќенеделна акцелераторска програма која има за цел да им помогне на заинтересираните млади. Акцелераторската програма е наменета за потенцијални млади претприемачи кои размислуваат да започнат сопствен бизнис (стартап) или за новоосновани младински стартапи кои имаат интерес да ги развијат своите услуги и својот бизнис. Сите учесниците во оваа програма ќе добијат менторска поддршка за утврдување конкретни начини за решавање проблеми, како и широк спектар на можности за поврзување со други претприемачи, инвеститори, партнери и соработници.

Програмата ќе вклучи и обука за претставување на бизнис идејата, а ќе заврши со демо ден, каде стартапите ќе се презентираат пред потенцијални инвеститори.

Дел од методите кои ќе се употребуваат за време на реализацијата на акселераторската проргама се следните:

  • Тренинг процес (кој ќе биде 1 или 2 дена, а ќе е наменет за сите селектирани стартап бизниси)
  • Групни сесии
  • Индивидуални сесии
  • Поврзување
  • Претставување идеи (демо ден)

Оваа методологија досега е докажана со повеќе од 100 стартап бизниси и е развиена и имплементирана со повеќе од 40 домашни и странски професионалци.

Услови и обврски за учество во програмата

Заинтересираните кандидати за учество во младинската акцелераторска програма потребно да ги исполнуваат следните услови:

  • Да бидат млади лица на возраст помеѓу 18 и 35 години
  • Да имаат идеја за бизнис или веќе да имаат основано свој стартап.

Сите селектирани учесниците ќе имаат обврска активно да се вклучат во акцелераторската програма од почеток до крај, со цел нејзина успешна реализација и обезбедување целосна поддршка за развој на бизнис идејата/стартапот.

 Начин на пријавување

Заинтересираните кандидати треба да го пополнат формуларот достапен на овој линк најдоцна до 08.10.2021, на полноќ. Доколку се потребни дополнителни информации за проектот или повикот, слободно обратете се на [email protected] или на 070 399 058.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp