[wpml_language_selector_widget]

Повик за учество во програма за трансформација на идеја

Имате одлична идеја, но не сте сигурни дали можете да ја претворите во реален бизнис? 

Претприемништвото звучи како нешто што би можело да биде ваша идна професија, но сеуште немате доволно познавање за него? 

Имате одличен тим од креативци со кој би можеле да развиете сосема нов и иновативен производ? 

Вие сте создадени за бизнис, само ви недостига малку храброст и вистински ментор?

Ако се пронаоѓате барем во едно од наведените тврдења, имаме одлична вест за вас!

Пријавете се за нашата програма за трансформација на идеја во реален бизнис

 Една супер идеја со потенцијал да порасне и да стане бизнис

Динамична, интерактивна програма наменета за млади под менторство на искусни професионалци oд бизнис секторот

Ако се пронаоѓате барем во едно од наведените тврдења, имаме одлична вест за вас!

Пријавете се за нашата програма за трансформација на идеја во реален бизнис

 Една супер идеја со потенцијал да порасне и да стане бизнис

За проектот:

Програмата за трансформација на идеја во реален бизнис е дел од проектот „Балкански млади: Поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ и е меѓународен проект кој се спроведува во Белгија, Црна Гора, Турција Босна и Херцеговина, Албанија, Србија и Северна Македонија. Главната цел на проектот е да придонесе за младински претприемачки можности и да ги зајакне перспективите за вработување на младите од Западен Балкан. Проектот започна да се имплементира во март 2020 година, а ќе трае до февруари 2023 година.

За кого е наменета? 

Програмата е наменета за сите млади, амбициозни и креативни луѓе кои имаат идеја и истата сакаат да ја трансформираат во реален бизнис. Преку оваа програма учесниците се стекнуваат со знаење за тоа што значи да се води еден бизнис, што вклучува една компаниска структура и каква документација е потребна за отварање на истата, креирање на бизнис модел и маркетинг стратегијапласирање на продукт или услуга на пазар, начини на финансирање, подготовка на презентација пред инвеститори и други корисни работи кои се составен дел од отварање и водење на еден бизнис.

Финалната цел на оваа програма е учесниците да го отворат и успешно започнат својот прв бизнис. Секако, за цело време низ програмата, учесниците ги водат  искусни ментори кои ова исклучително корисна активност ќе ја направат лесно – разбирлива, инспиративна и забавна.

Кој може да аплицира?

  • Сите млади на возраст од 15 до 29 години со своја бизнис идеја 

Како да аплицирам?

  • Со пополнување на Апликациската форма на следниот линк.


Рок за поднесување на апликации:

25 септември 2022

 

Контакт за дополнителни информации:

Сподели на