Повик за учество на виртуелни размени од областа на медиумска писменост и интеркултурен дијалог

Во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – виртуелна разгледница“,
Младински образовен форум (МОФ) ги повикува сите средношколци и студенти на возраст од 15 до 25 години од цела држава да се регистрираат за виртуелни размени кои ќе се спроведуваат онлајн. Работен јазик на меѓукултурните размени е англиски.

Темата за виртуелната размена ќе биде опфатена во разговор за сѐ што влијае на меѓукултурниот дијалог: стереотипи и предрасуди, говор на омраза, комуникација, социјални мрежи, медиумска писменост и многу други во областа на медиумите и човековите права. Секоја виртуелна размена ќе трае од 3 до 4 часа.

Како да се пријавите?

Пријавувањето ќе биде можно преку МЛАДИНСКИ календар кој е достапен тука.  Потребно е да се се регистрирате, а регистрацијата е многу едноставна: треба да ја внесете вашата е-пошта, име и презиме, телефонски број, лозинка (лозинката треба да ви почнува со голема буква, да има бројка како и специјален знак) и да ја наведете земјата од која доаѓате. Потоа ќе можете да се најавите на календарот MLADI и да изберете термин за работилница.

Датумите се поделени по размени наменети за средношколци и размени наменети за студенти бидејќи содржински тие ќе се разликуваат во зависност од тоа за кого се наменети. Важно е да го одберете датумот што вам ви одговара и тренерот кој ќе присуствувате на виртуелни размени. Со вас ќе бидат и други млади луѓе од Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.

Кои се условите за учество во виртуелни размени?

  • Да сте млад човек на возраст од 15 до 25 години, средношколец и/или студент на еден од факултетите во Македонија
  • Да имате пристап до интернет
  • Да сте присутни на размената (која нема да трае подолго од 4 часа) од почеток до крај

Што добивате?

  • Знаења од областа на медиумската писменост и меѓукултурниот дијалог
  • Размена на искуства со средношколци и/или студенти од регионот
  • Сертификат кој потврдува дека успешно сте ја завршиле виртуелната размена

Освен виртуелните размени на кои ќе присуствувате, во следните две години подготвуваме и многу вредни награди во кои ќе можете да земете учество токму поради тоа што бевте дел од нашите размени, а тоа знаење ќе можете да го покажете во креирањето на мултимедијални содржини и да освоите некоја од наградите. 🙂 Покрај тоа, најактивните учесници на размената ќе имаат можност да се сретнат во живо (во една од четирите земји кои учествуваат во размената) и да добијат поддршка од проектниот тим за заеднички да произведат мултимедијални содржини поврзани со интеркултурен дијалог.

За сите дополнителни информации во врска со виртуелните размени и регистрација за истите, ве молиме контактирајте ја Дора Смилевска на [email protected].

Виртуелните размени се реализираат во рамки на проектот „Младите во Западен Балкан – виртуелна разгледница“ во соработка со Институтот за различност на медиуми – Западен Балкан, заедно со Асоцијација на младински весници во Босна и Херцеговина (ОнауБИХ), Младински и неформален образовен форум (Форум МНЕ) од Црна Гора и Младински образовен форум (МОФ).

Не чекајте! Регистрирајте се што поскоро и бидете учесник во нашите виртуелни размени.

Сподели на