Младинскиот центар Кавадарци има отворен повик за млади за учество на младинска размена која ќе се одржи во Словачка во Долни Кубин.
Главен фокус на размената ќе биде миграцијата и на тоа како младите се прилагодуваат на нормалниот живот во одредена земја.
25 млади (5 од секој земја) од 5 европски земји (Германија, Полска, Португалија, Северна Македонија, Словачка) ќе учествуваат на оваа размена.
Учесниците ќе бидат на возраст од 16 – 18 години.
Размената ќе се реализира од 17-ти до 24-ти Април, 2023 година.
Сите заинтересирани можат да се пријават на овој линк.