Центарот за младински активизам ЦМА Крик објавува повик за учесници во работилници во – ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“ на тема “Здрав живот”
Младинските програми опфаќаат циклус од 10 работилници кои се имплементираат еднаш неделно во период октомври – декември 2021. Работилниците ќе се одржуваат во просториите на ДСУ за рехабилитација и образование „Св. Наум Охридски“, секој четврток со почеток во 15 часот. Работилниците се со времетраење од 1 час.
Работилниците опфаќаат едукативни, креативни и забавни активности кои се наменети за млади лица со интелектуална попреченост и млади лица со типичен развој.
Целта на младинските програми е зголемување на социјалната инклузија на младите лица со попреченост и градење на еднакво, демократско и инклузивно општетсво.
За да бидете дел од работилниците, аплицирајте на следниот линк.
Доколку имате дополнителни прашања, обратете се со мејл на [email protected]