Повик за учество на хакатон

КОГА? – 12 август 2021, 18:00 – 22:00ч.
КАДЕ? – Надворешниот дел на Музеј на современа уметност

ЦЕЛ НА ХАКАТОНОТ:
Развивање иновации* за активно вклучување и учество на младите и поддршка на нивниот личен и социјален развој

*Под иновации се подразбираат конкретни алатки, методи, активности, пристапи и модели за работа со млади кои се:

● Целосно нови
● Нови комбинации од постоечките преку нивно адаптирање и додавање на нови елементи или пак нов е начинот/конкекстот на нивна примена кои придонесуваат кон личниот развој на младите и нивното вклучување во општествените процеси, како на пример:

– Зајакнување на лични вештини и компетенции кај младите, посебно некои од младите кои во споредба со нивните врсници, а заради различни околности, се со помалку можности
– Поголемо вклучување на младите во процеси на одлучување, особено креирање на можности за унапредување на вклучувањето на млади со помалку можности
– Зајакнување на положбата и придонесот на младите во општеството
– Вклучување на повеќе млади во активности за млади
– Други цели што ќе придонесат за подобрување на положбата на младите во општеството во согласност со Националната Стратегија за млади на РСМ.

Иновациите треба да можат да се пилотираат преку креирање и тестирање на прототип со буџетот што е објавен за наградите. Истите треба да имаат потенцијал за трансферирање во друг контекст, односно да можат да бидат адаптирани и користени од други млади, организации и професионалци.

КРИТЕРИУМИ ЗА ПОДОБНОСТ НА АПЛИКАНТИ:

Повикот е отворен за сите заинтересирани тимови кои сметаат дека може да дадат креативен придонес во остварување на горенаведените цели.
Тимовите мора да бидат составени од двајца или повеќе млади луѓе на возраст од 15 до 29 години. Секој тим има можност да вклучи максимум едно лице кое е надвор од посочената возрасна граница.
Вработени и членови на работните тела на Агенцијата за млади и спорт, Националниот младински совет на Македонија и Сојузот за младинска работа не можат да се пријават на овој повик.

НАЧИН НА ПРИЈАВУВАЊЕ:
Сите заинтересирани тимови можат да се пријават со испраќање на пополнет формулар на е-маил адреса [email protected] најдоцна до 5 август 2021, 23:59ч.
Тимовите чиишто предложените иновации ги исполнуваат критериумите ќе бидат поканети на 12 август да ја презентираат накратко својата иновација, по што стручна комисија ќе ги избере најдобрите три иновации коишто ќе бидат наградени.

НАГРАДИ:

Агенцијата за млади и спорт ќе додели награди за најдобрите три иновации за активно вклучување и учество на младите и поддршка на нивниот личен и социјален развој, во износ од:

– 80.000 МКД за прво место
– 50.000 МКД за второ место
– 30.000 МКД за трето место

Наградените тимови ќе имаат обврска со доделените средства во рок од 60 дена да креираат и тестираат прототип кој што ќе го достават како финален продукт.

РОК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ:
5.8.2021, 23:59ч.

ПРЕВЗЕМИ ДОКУМЕНТИ:

Јавен повик

Формулар за пријавување

 

ТЕКСТ

Сподели на