Младите можат распишува повик за членови на Управен одбор на Младите можат, управно тело на организацијата. Управниот одбор на Младите можат брои 3 или 5 членови.
Управниот одбор ги има следните права, обврски и одговорности:
- се грижи да се спроведат статутарните задачи на Здружението, како и одлуките и заклучоците на Собранието.
- го избира Извршниот директор и членовите на Извршната канцеларија по претходно објавен јавен повик.
- ја одобрува Годишната програма предложена од Извршниот директор и Извршната канцеларија.
- разработува и предлага стратешки насоки за развој на организацијата до Извршниот директор и Извршната канцеларија.
- разгледува, се вклучува во пишување и ја верификува одлуката за подготовка на проектни и други ангажмани.
- го разгледува Годишниот извештај за работата на Младите можат и дава свое мислење пред да биде достапен до јавноста;
- предлага измени и дополнувања на Статутот
- усвојува одлуки и заклучоци кои се однесуваат на политиката на раководење со Младите можат.
- Донесува правилници за внатрешно работење, верификува спогодби со други организации, меморандуми за разбирање и пристапување кон сојузи на организации
- право да свика седница на Собранието по барање на 1/3 од вкупниот број членови на Собранието на Младите можат
- одлучува за финансиското раководење на организацијата во консултација со Извршниот директор;
- одобрува одлуки за набавка и отуѓување на основните средства;
- врши евалуација на работата на Извршниот директор и Извршната канцеларија најмалку два пати годишно;
- одлучува за вклучување на Младите можат во национални и меѓународни мрежи и тела
- одобрува избор на најдобри понуди на стоки, услуги и работи за потребите на Младите можат
- ја следи транспарентноста и демократското функционирање на Младите можат;
За член на Управен одбор може да биде избрано лице кое исполнува најмалку еден од наведените критериуми:
- Било дел од структурите на Младите можат;
- Се јавило во улога на соработник на Младите можат
- Било професионално ангажирано во Младите можат.
Кандидатите за оваа позиција пожелно е да ги исполнуваат и следните услови:
- Минимум двегодишно искуство во работа со млади;
- Искуство во креирање на стратешки, годишни и акциски планови на младинска организација;
- Запознаеност со младинските прашања и потреби во земјата;
- Познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма;
- Комуникациски вештини и вештини за лобирање;
- Способност за работа во тим
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат горенаведените услови потребно е да испратат:
- Кратка биографија
- Пополнет апликациски формулар (преземи тука)
Членовите на Управниот одбор ги бира Собранието на Младите можат. Мандатот на член на Управниот одбор трае 2 години, со можност за реизбор.
Уредно пополнетите документи кандидатите да ги достават до [email protected] најдоцна до 20.03.2021 (23.59) со наслов “Апликација за член на Управен Одбор”.
*НАПОМЕНА: Функцијата Член на Управен Одбор е на волонтерска основа и за истата не е предвиден паричен надомест.