Сакаш да станеш најдобрата верзија од себе? Сакаш да ги зголемиш своите капацитети за лидерство во заедницата? Сакаш да станеш агент на позитивни промени?
ОТВОРЕН Е ПОВИК ЗА ЧЛЕНСТВО ВО МЛАДИТЕ МОЖАТ
Те предизвикуваме да започнеш промена, најпрво од себе а потоа и на другите околу себе, со можност и слобода да учиш, стекнуваш искуства и преземаш акции.
Како? – Преку членството на Младите можат. Нашето членство е суштински дел од организацијата и преку развој на истото веруваме дека ќе ја зголемиме моќта на младите како катализатори на позитивни промени најпрво на личен план, а потоа и во денешното општество.
А кој може да стане член во Младите можат? – Секој млад човек кој има желба да се развива на личен план, со секоја своја акција да станува подобра и поуспешна личност, да волонтира и да придонесува кон позитивни промени во заедницата во која живее.
На овој ЛИНК можеш да прочиташ повеќе за новиот повик и новиот концепт за членство 2022 на Младите Можат.