Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно)
Вид договор: Привремен договор со посебни услови
Позадина:
Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата во 9 независни станбени единици во Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и Цма Крик ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка.
За време на оваа фаза на проектот (која е 5 месеци), персоналот ќе има склучен договор со проектот и ке биде платен од истиот. Планот е по крајот на овие 5 месеци, персоналот што работи во станбените единици за живеење да биде пренесен во надлежностите на Министерството за труд и социјална политика. За потребите на проектот, објавуваме оглас за Координатор (1).
Опис на работно место ( Координатор) (1 позиција)
Ја координира работата во одделот и врши стручна работа во насока на ефективно ,ефикасно и економично работење,и реализација на поставените цели и надлежности на одделот.
Должности и одговорности (Координатор )
Ја насочува, обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 3 станбени единици (вкупно 12 негуватели и 1 физиотерапевт)
Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците.
Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен план за работа на членовите од стручниот тим за третман на корисниците ,
Го следи реализирањето на планот, ги насочува активностите и врши анализа на постигнатите резултати при што предлага мерки за подобрување на ефикасноста во делокругот на својата работа,
Ја следи почетната адаптација на корисникот,
Работи на сопствениот траен и професионален развој поради одржување и подобрување на квалитетот на работењето во сервисот,
Се координира и информира со тимот на Крик и ПИН за текот и резултатите од третманот на корисниците,
Води уредна, стручна дневна евиденција за извршените работни задачи, подготвува месечен и годишен извештај за работата на одделот
Спроведува дефектолошки, рехабилитациски и корективен третман
Носител е на програмската едукација за формирање на навики кај корисниците со тешка и најтешка интелектуална попреченост за изведување на основните активности од кругот на билошките, физиолошките и хигиенските потреби, па се до вклучување во воспитно – работни активнсти со постојан надзор и поттикнување.
Изготвува:
-Наод и мислење на стручен работник – дефектолог,
-Наод и мислење на стручен тим,
-Лист за следење на работата со корисникот на социјална заштита,
-план за индивидуална работа
– третман со корисникот на социјална заштита,
-Извештај за Индивидуална работа
– третман на корисникот на социјална заштита,
-Непосредна комуникација и координација со останатите вработени,
-Ги подобрува интерперсоналните односи на вработените во организацијата и создава позитивна клима за работа.
Место на извршување на работните обврски: канцеларија на ЦМА Крик во Пржино и местото каде станбените единици се и тоа: Кисела Вода, Хром и Козле.
Почеток на работата: што е можно побрзо по завршување на отворениот повик и интервјуата (очекувано кон крајот на мај 2022)
Во период на мај и јуни се планирани чести посети на Специјалниот завод Демир Капија како би се подготовувале корисниците за преселба во Скопје.
Почетна плата: 28 000 мкд нето.
Потребни квалификации:
да биде државјанин на Република Северна Македонија
активно да го користи македонскиот јазик
да се биде возрасен
да имаат општа здравствена способност за работата
со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност
да има искуство во работа со лица со попреченост
да има добри координативни и организациски способности
Високо образование во областа на: Социјална работа, психологија или специјална едукација
Како да се аплицира
Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]
Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Координатор Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.
Само селектираните кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 16.05.2022 година , во 23:59 часот.