Фондација Метаморфозис со задоволство ги поканува сите поранешни, актуелни и идни апликанти за работно место, претставниците на работодавачите од приватниот, јавниот и невладиниот сектор, медиумите, како и сите други заинтересирани поединци кои сакаат да дознаат нешто повеќе за тоа како треба да се заштитат личните податоци на кандидатите за работа на шестиот „Разговор за приватност“ кој ќе се одржи во четврток, на 7ми април, во периодот од 15 до 16 и 30 часот на ZOOM платформата.
Говорник на оваа средба ќе биде Арбен Гудачи, експерт за заштита на лични податоци, а учесниците ќе имаат можност да добијат одговори на следните прашања:
- Како работодавачите треба да постапуваат со податоците на кандидатите содржани во апликациите за работа?
- Во кој рок и за која цел работодавачите можат да ги чуваат податоците од кандидатите чии апликации не биле прифатени?
- Што можат да направат кандидатите доколку мислат дека нивните лични податоци се неовластено чувани, обработувани или споделувани?
Во рамки на средбата, ќе се обезбеди и простор за дискусија и размена на ставови и практични искуства со заштитата на лични податоци во процесот на поврзување помеѓу работодавачите и потенцијалните кандидати за работа.
Сите кои сакаат да се вклучат на средбата, треба го пополнат формуларот за пријавување достапен на овој линк најдоцна до 06.04.2022. Регистрираните учесници ќе добијат линк за вклучување на средбата на е-маил адресата наведена во формуларот.
Доколку се потребни дополнителни информации за средбата, ве молиме контактирајте нè на [email protected].