Покана за Разговор за приватност #7 – Имаме ли право на приватност на работното место?

Фондација Метаморфозис ги поканува сите кои сакаат да дознаат нешто повеќе за правото на приватност на работното место на седмиот „Разговор за приватност“ што ќе се одржи на 21 април, во Јавна соба, во салата Conference room, со почеток во 15 часот. (Јавна соба се наоѓа на ул. 50-дивизија, бр.22 во Скопје. Локацијата можете да ја видите на овој линк.)

Гостин-говорник на оваа средба ќе биде Арбен Гудачи, експерт за заштита на лични податоци, кој ќе даде одговори на следните прашања:

  • Дали работодавачот смее да ја следи секоја комуникација на вработените направена од службен уред, преку службена мрежа или преку службена e-mail адреса? 
  • Дали работодавачот смее да воведе видео-надзор за да следи како и колку работат вработените?

Учесниците на средбата ќе имаат можност да придонесат кон дискусијата преку споделување на своите искуства и ставови на темата, како и да добијат појаснување околу потенцијалните дилеми поврзани со правото на приватност на работното место.

Агендата за настанот можете да ја најдете на овој линк.

Сите што сакаат да присуствуваат на настанот, треба да го пополнат овој формулар.

За учесниците кои не се од Скопје, патните трошоци за учество на средбата ќе бидат рефундирани во висина на повратен автобуски билет од местото на живеење до Скопје. За да го направиме ова, ќе биде потребно да ни доставите оригинални сметки и билети од патувањето.

Доколку ви се потребни било какви информации околу средбата, ве молиме обратете се на [email protected]

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp