Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме да присуствувате на јавен настан за презентирање на резултатите од спроведеното истражување “Потреби на младите на локално ниво”, имплементиранo од Здружение на граѓани Младите можат.
Настанот ќе се одржи на 23.02.2021 година, со почеток од 11.00 часот, во електронска форма, преку платформата Zoom.
На овој настан ќе бидат презентирани главните наоди од горенаведеното истражување спроведено во три скопски општини: Карпош, Аеродром и Ѓорче Петров, во декември 2020г.
Воедно, Младите можат сака да поттикне дискусија со локалните власти за младинскиот активизам и младинското учество на локално ниво.
За присуство на настанот ве замолуваме да се регистрирате на следниот линк.
Анализата на спроведеното истражување ги сумира резултатите од квалитативната и квантитативната анализа во трите општини, во 5 области: Волонтерство и граѓански активизам; Предизвици на младите во општината; Младински политики и застапување; Отвореност и поддршка на општините за млади; Младите во време на пандемијата Ковид-19. Гости говорници на настанот се очекува да бидат градоначалниците на соодветните општини, Г-дин Стефан Богоев, Г-дин Александар Наумоски и Г-дин Златко Марин.
Дополнително, се очекува и присуство на Амбасадорката Кејт Брнз, како поддржувачи на проектот.
Резултатите од истражувањето, како и целата дискусија ќе бидат презентирани и водени од Анита Николовска – Извршен директор на Младите можат.
Истражувањето е дел од проектот „Младински локални банки“ што Здружението на граѓани „Младите можат“ во моментов го спроведува и е поддржан од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
