Со цел да се добијат изворни информации за потребите на младите во градот Скопје, Национален младински совет на Македонија реализира краток прашалник наменет за лица од 15 до 29 години, жители на градот Скопје.
Прашалникот е анонимен, а добиените податоци ќе се искористат за креирање на Стратегијата за млади за градот, како и при креирањето на акцискиот план за стратегијата.
Овој прашалник се спроведува во соработка со град Скопје, како дел од партнерство склучено за изработка на Стратегијата за млади на град Скопје за 2021-2025 година. Прашалникот може да го најдете тука.