Прва работилница на проектот „WЕvolve“

Во рамки на „WЕvolve“ ќе бидат спроведени четири работилници за ментално здравје во време на пандемија со четири различни таргет групи. На оваа работилница ќе се дискутира унапредување на менталното здравје, како да го зачуваме истото и свесноста за менталното здравје на LGBTQ+ заедницата во Северна Македонија. Целта на проектот е да едуцира млади како да го заштитат менталното здравје во пост-пандемично општество.

Ги покануваме да се пријават за учество во оваа работилница сите LGBTQ+ млади на возраст од 18-29 со пополнување на формуларот. Работилницата ќе се одржи на зум платформата на 26.03.2021 (петок) со почеток во 18:00 часот. По вашето регистрирање ќе добиете мејл со зум линк за истата. https://forms.gle/HScMXk6wzHGDvAzg6

Оваа активност е дел од “WEvolve” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy, Development – LEAD стипендистката Анастасиа Бошкоска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp