Првите сертифицирани работници со млади!

Запознајте ги првите сертифицирани работници со млади кои минатата недела ја завршија четиримесечната обука која ја спроведоа обучувачите Драган Атанасов, Генерален секретар на Сојузот за младинска работа и Билјана Василевска Трајковска, член на Секретаријатот на СМР.
Согласно Националното портфолио на младински работници, меѓу нив има различни профили, спремни да помогнат во развојот на младиот човек во различни ситуации и на различни начини.
Младински работници, среќно!

Се гледаме во младинските центри, организации, во паркови, на интернет, на концерти, во кампови… се гледаме на што е можно повеќе места каде што се и младите!

На овој линк погледнете го интервјуто со Драган Атаносов за да слушнете нешто повеќе околу тековните процеси поврзани со младинската работа и младинските работници.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp