Имаме чест да Ве поканиме на настанот „Како до подобро јас?“, кој ќе се одржи на 6 мај, од 12 до 15 часот, во просториите на #МладиХаб во Штип. 

Овој настан го спроведуваме во рамки на месецот на ментално здравје, заедно со здружението на студенти по психологија при Филозофскиот факултет на УКИМ – ЗСП Психеско, со цел да ги поттикнеме присутните да стапат во контакт со себе и да започнат со градење и употреба на ресурси за подобрување и одржување на менталното здравје. 

На настанот ќе се одржат:
Предавање на тема „Како до подобро јас?“ – на кое ќе биде истакната значајноста на личната добросостојба.
Работилница на тема „Должности кон себе, одговорности кон другите“ – на која ќе бидат презентирани методи за подобрување на личните капацитети за препознавање и вреднување на соспствената добросостојба, како и начините на кои истата може да се задржи или подобри.



Вашето учество можете да го пријавите на следниот линк:



Ве очекуваме

