Предавање „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“

Во оваа година полна со предизвици, особено за учениците кои поминуваат голем дел од своето време онлајн и се заситени од онлајн наставата, потребно е да се понудат алатки за полесно справување со ситуацијата. На ова предавање ќе зборуваме за техники за подобро учење за учениците кои имаат проблем со учењето и помнењето.
Предавањето „Техники за подобро учење, помнење и справување со онлајн настава“ ќе се одржи на 15-ти март во 18:00 часот. Предавањето ќе го одржат Ивана Цилевска и Клементина Добревска од Психеско.
Учесниците на предавањето ќе се здобијат со корисни техники и совети за подобро учење и помнење, ќе добијат информации како полесно да менаџираат со онлајн наставата, но и како да се справат со стресот од ваквата настава преку примери и дискусија.
За да присуствувате на предавањето потребно е да се регистрирате однапред на следниот линк: https://forms.gle/wSDWjpuvxfrggdfW7 најдоцна до 14-ти март (недела). Пред настанот на вашата мејл адреса ќе Ви биде споделен линк за приклучување на Zoom.
За предавачите:
Ивана Цилевска е студентка од трета година на Институот за Психологија при УКИМ. Активен член е на ЗСП Психеско веќе 3 години, а од 2020 година ја има функцијата на Координатор на Човечки Ресурси во здружението. Дел е од многубројни организации и ужива да учествува во различни проекти. Особен афинитет има кон истражувачкиот дел на психологијата.
Клементина Добревска, апсолвент на Институтот за Психологија при УКИМ и претседател на ЗСП Психеско. Слободното време го користи како волонтер во првата детска амбасада – Меѓаши. Заинтересирана е за хуманистичките пристапи од психологијата, а најинтересна област и е форензичка и детска психологија.
Настанот е организиран од Младински образовен форум со поддршка од Иницијативата за демократија на Западен Балкан на Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp