Презентација на наоди од истражувањето „Неискористен студентски потенцијал“

Младински образовен форум (МОФ) со задоволство ве поканува на промоција на клучните наоди и препораки на истражувањето „Неискористен студентски потенцијал: истражување за стапката на успех на стипендиите доделени од МОН за студирање на универзитетите кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа“ на кое МОФ работеше изминатите неколку месеци.
За истражувањето:
Истражувањето се осврнува на имплементацијата на студиската програма за стипендирање на студии на универзитети кои се рангирани на првите сто места според Шангајската листа и последователниот пат на стипендистите кои ги завршиле своите студии со помош на оваа стипендија. Дополнително, во рамки на самото истражување се креирани и препораки насочени кон релевантните институции, а во насока на подобрување на нејзината имплементација и подобро користење на човечкиот капитал кој се создава преку оваа стипендиска програма. Авторки на истражувањето се: Сања Божовиќ Стојкоска, Јоана Тренеска и Луција Чукеловска.
Дата: 25.06.2024 година (вторник)
Локација: Public Room
Време: 12:00 часот
Доколку сакате да присуствувате на настанот,  најавете го своето присуство до 23 јуни 2024 година (недела) на следната меил адреса: [email protected]
Агендата за настанот е достапна на овој линк
Истражувањето е спроведено во рамки на проектот „Генерална организациска поддршка на Младински образовен форум“ овозможен со финансиска поддршка на Фондација Отворено општество – Македонија.

Сподели на