[wpml_language_selector_widget]

Прес конференција за Младински центри

На 10.12.2021 (петок) со почеток во 12:00 часот Сојузот за младинска работа и Националниот младински совет на Македонија во соработка со Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија ќе одржат прес конференција во МладиХаб, на улица Димитрие Чуповски бр. 7 (канцеларијата на Претседателот на Република Северна Македонија).
Настанот се одржува по повод 10ти декември – меѓународен ден на човековите права, на тема правото на младите луѓе на безбедни простори за млади во кои ќе можат да ги развиваат своите компетенции и да се градат како активни граѓани. На конференцијата ќе биде презентирана моменталната состојба со отворањето на младински центри во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, ќе бидат објаснети обврските за општините што произлегуваат од Законот, и ќе бидат споделени информации за подршката што ја обезбедува Агенција за млади и спорт, како и за тоа кои се општините кои веќе ги имаат успешно исполнето законските обврски.
На прес конференцијата ќе се обратат претставници од Агенција за млади и спорт, Сојуз за младинска работа и Национален младински совет на Македонија, а преку видео врска ќе се вклучат младински работници од Младинскиот центар во Кавадарци и претставник од Општина Кавадарци.
Настанот ќе може да се проследи и онлајн преку livestream на facebook.

Сподели на