ПРЕТПРИЕМАЈ СЕ! – работилници за претприемништво за млади (15-29)

Дали често го слушаш зборот претприемач и се прашуваш што ли тоа значи?
Или веќе го знаеш значењето и едвај чекаш да станеш претприемач?

Ние ја имаме вистинската програма за тебе!
Доколку си млад човек на возраст од 15-29 години и доаѓаш од Пробиштип или Кратово, сакаш да научиш повеќе за тоа што е и како да се стане претприемач, тогаш пријави се и приклучи се на нашите работилници кои ќе те научат за ова.

Низ 10 работилници водени од искусни младински работници и преку учење низ искуство и игра ќе имаш можност да научиш повеќе за претприемништвото. Работилниците ќе се спроведуваат во Пробиштип и Кратово и се наменети за по 20 учесници.

Пријавувањето трае до 04.03.2022, а работилниците ќе започнат од втората недела во март 2022. По работилниците ќе следуваат и низа настани како вмрежување меѓу учесниците, презентација на стручните училишта и нивната работа, самит за претприемништво во Скопје, со успешни претпиемачи како панелисти и работилници за креирање на бизнис планови.

Пријави се на овој ЛИНК!

Ве очекуваме!

Главната цел на проектот „Претприемирај се!“ е да се негува и поттикне претприемачкиот дух на младите во земјата и да се обезбедат можности за личен раст и развој низ призмата на претприемништвото.

Проектот „Претприемирај се!“ се имплементира од страна на Центарот за младински активизам КРИК од Скопје, чиј партнер е младинската организација ГРИТ од Пробиштип, во рамки на иницијативата „Балкански млади: поврзување на едукацијата, способностите и партнерскиот потенцијал во регионалните практики за вработување“ која е координирана од Junior Achievement Србија, а партнер од РС Македонија е Национален младински совет на Македонија, финансиски поддржана од ЕУ.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp