Пријава за учество во Програма за животни вештини и вработливост

Младински културен центар – Битола објавува конкурс за учесници во проектот “Зајакнување на младите преку нови можности” (YEEP). Проектот се спроведува како резултат на соработката меѓу Младински културен центар- Битола и СОС Детско село Северна Македонија.
Главната цел на програмата е да се подобрат изгледите за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените млади од Битола.
Програмата за животни вештини и вработливост наменета за млади лица, обезбедува комплетна поддршка пред вработување преку обуки, менторство и индивидуално советување, можност за практична работа за стекнување работно искуство и можност за бесплатна стручна доквалификација.
Програмата ќе започне во месец јануари 2022 и ќе трае два месеци.

Што нудиме во програмата:

– Откривање на вашите интереси и потенцијали преку средби со нашиот стручен тим
– Обуки за основни животни вештини и вработливост
– Кариерно советување и коучинг
– Бесплатни стручни обуки соодветни на вашите интереси и цели
– Овозможување пракса
– Помош при вработување преку спојување со работодавачи

По завршување на програмата, учесниците се стекнуваат со Сертификат кој ќе овозможи полесно вработување според интересите и компетенциите на учесниците.

Учеството во програмата е бесплатно и доброволно, а бројот на учесници е лимитиран.

ВАЖНО!!!
Во просториите каде што се одржуваат средбите со стручниот тим и/или обуки во висока мера се почитуваат сите мерки за лична заштита.
Aктивностите поврзани со едукатвниот процес ќе се одвиваат онлајн преку користење на онлајн платформи.

Доколку сте заинтересирани, пријавете се ТУКА.

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp