Пријава за учество во Програма за животни вештини и вработливост

Младински културен центар – Битола објавува конкурс за учесници во проектот “Зајакнување на младите преку нови можности” (YEEP). Проектот се спроведува како резултат на соработката меѓу Младински културен центар- Битола и СОС Детско село Северна Македонија.
Главната цел на програмата е да се подобрат изгледите за вработување и активно учество на пазарот на трудот на ранливите и загрозените млади од Битола.
Програмата за животни вештини и вработливост наменета за млади лица, обезбедува комплетна поддршка пред вработување преку обуки, менторство и индивидуално советување, можност за практична работа за стекнување работно искуство и можност за бесплатна стручна доквалификација. Програмата ќе започне во месец ноември и ќе трае до крајот на годината.

Што нудиме во програмата:
-Откривање на вашите интереси и потенцијали преку средби со нашиот стручен тим
-Обуки за основни животни вештини и вработливост
-Кариерно советување и коучинг
-Бесплатни стручни обуки соодветни на вашите интереси и цели
-Овозможување пракса
-Помош при вработување преку спојување со работодавачи

По завршување на програмата, учесниците се стекнуваат со Сертификат кој ќе овозможи полесно вработување според интересите и компетенциите на учесниците.

Учеството во програмата е бесплатно и доброволно, а бројот на учесници е лимитиран.

За учество во програмата пријавете се на следниот линк: https://docs.google.com/forms/d/1XfeRPNxOT8ub3Nol7Runm_02CtFlKLgK6qpnvQSyMqE/viewform?fbclid=IwAR2Mu5s4P_9B-T6AEyw7hJsKmiowkdag2VJlOGpTBZH8l8sXGHI0Swr9U5w&edit_requested=true

*ВАЖНО!!!
Во просториите каде што се одржуваат средбите со стручниот тим и/или обуки во висока мера се почитуваат сите мерки за лична заштита

 

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp