Центар за младински активизам Крик заедно со Сојуз на извидници на Македонија – Scout Association of Macedonia, традиционално организира летни инклузивни кампови во кои земаат учество млади лица со и без попреченост, со цел да создадеме инклузивно летување и да другаруваме под ѕвезденото небо во природа.
Местото на одржување на кампот е Извидничкиот центар во Охрид. Времето на одржување на кампот е од 10.08.2024 -14.08.2024.
Организацијата вклучува: автобуски превоз, сместување во шатори, 4 полни пансиони (доручек, ручек, вечера), инклузивни работилници на различни теми, организирано време за рекреација и вечерни активности.
Доколку сакаш да бидеш дел од Летниот инклузивен камп, пријави се со пополнување на оваа форма. 🔗