ЦМА КРИК ве кани на еднодневна дружба каде заедно ќе спортуваме, ќе се дружиме и ќе учиме едни од други на 16.06.2022. Локацијата ќе ја потврдиме дополнително.
ЦМА КРИК работи проектни активности од проектот PasSPORT in Education повеќе информации за проектот на линкот http://krik.org.mk/portfolio/934/
Како дел од проектните активности ЦМА КРИК спроведе 3 локални работилници каде младите лица имаа можност да практикуваат фудбал, зумба и модерни танци. Исто така спроведовме и обука за млади лица каде нашите колеги од партнерските земји од Романија, Португалија и Турција спроведоа спортски активности за учесниците.
Последната активност е голем настан на отворено каде сакаме да собереме спортски друштва/групи и сите заедно да понудиме програма за млади лица.
Настанот на отворено е замислен да има различни активности од различни типови на спорт. Секоја од спортските групи која ќе се пријави ќе има можност да избере од следните активности:
-да покаже своја активност која ја работеле до сега (заедно со членовите на својата група)
-да обучи млади лица на тематиката која спортската група ја спроведува (сесија од 1 час)
-да се промовира со своите активности на отворен штанд за промоција.
По затварање на повикот за пријавување, ќе организираме состанок со пријавените групи каде ќе ги прецизираме активностите и текот на спроведувањето.
Доколку сте заинтересирани за учество, ве молиме пополнете ја Оваа форма.