Здружението за социјални иновации АРНО организира:
1) DESIGN THINKING ОБУКА за развој на идеи за социјални претпријатија – 5-7 јуни во Скопје.
Тридневната обука е наменета за сите млади луѓе кои се подготвени за нови креативни, out of the box thinking предизвици и новитети во социјалното претприемништво, и се заинтересирани за запознавање со основите на Design Thinking методологијата преку искуствено учење и примена на конкретни методи, техники и вежби. Повеќе информации и формата за пријавување може да се најдат на: https://arno.org.mk/mk/vesti/
2) ИНОВАТОН за идеи за социјални претпријатија – 06 јуни во Скопје.
Иноватонот ќе користи design thinking методологии и ќе има за цел да генерира идеи за социјални претпријатија на тема: заштита на животната средина. Со овој настан, АРНО го одбележува Светскиот ден на животната средина придонесувајќи кон едукацијата и подигањето на претприемачкиот дух на младите луѓе, и поддршката на зелените идеи и социјални претпријатија за заштита на животната средина. Повеќе информации и формата за пријавување може да се најдат на: https://arno.org.mk/mk/vesti/
Пријавувањето за двата настани е отворено до 22-ри мај.