ОТВОРЕН ПОВИК ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ВОЛОНТЕР НА МИРОВЕН КОРПУС
Почнувајќи од декември 2023, Мировен корпус Северна Македонија ќе има нова група американски волонтери подготвени да ги понудат своите вештини и знаења, и да соработуваат со училишта, општини, невладини организаци и младински центри низ целата земја. Ги повикуваме сите заинтересирани да аплицират за соработка со некој од нашите волонтери.
Мировен корпус е независна американска владина агенција која им обезбедуваамерикански волонтери на земји што побарале поддршка. Волонтерите на Мировен корпус работат заедно со членовите на заедницата на одржливи локални проекти, разменуваат знаења и искуства и градат пријателства што траат за секогаш. Преку формален меѓувладин договор потпишан во 1996 година, волонтерите на Мировен корпус започнаа да работат со организации и училишта во Северна Македонија за да помогнат во задоволувањето на различните потреби на нивните заедници и да го зајакнат мирот и пријателството меѓу Соединетите Американски Држави и Северна Македонија. До денес, трите цели на Мировен корпус остануваат исти:
- Да помогне во развојот на заинтересираните земји преку размена на информации и искуства.
- Да помогне луѓето од овие земји да имаат подобро разбирање за луѓето од Америка.
- Да помогне луѓето од Америка да стекнат подобро разбирање за народите од земјите во светот.
ВОЛОНТЕРИ ШТО РАБОТАТ ВО УЧИЛИШТА
Волонтерите на Мировен корпус што работат во основни и средни училишта можат да понудат поддршка во овие две области:
Настава по англиски јазик
Во рамки на програмата за унапредување на англискиот јазик волонтерите соработуваат со наставниците по англиски јазик на следниот начин:
- Заедно со наставниците по англиски јазик, ги планираат и презентираат часовите по англиски јазик.
- Спроведуваат интерактивни активности на англиски јазик, како и креативни методи на предавање.
- Создаваат дополнителни материјали за часовите по англиски јазик.
- Ги поддржуваат вонучилишните активности поврзани со англиски јазик и развој на младите.
Инклузивно образование
Волонтерите што работат во училиштата на инклузивно образование соработуваат со специјалните едукатори и вработените во училиштето на следниот начин:
- Предаваат заедно со наставниците во училиштето, со цел да ги поддржат учениците со посебни потреби.
- Ги обучуваат наставниците да употребуваат инклузивни методи во нивните училници и моделираат соодветна употреба на инклузивнии методологии;
- Ги обучуваат наставниците да работат со родителите, да ги вклучат во едукативните процеси на нивните деца со посебни образовни потреби.
ВОЛОНТЕРИ ШТО РАБОТАТ СО НЕВЛАДИНИ ОРГАНИЗАЦИ И ОПШТИНИ
- Волонтерите од програматаа развој на заедницата се фокусираат на поддршка на локалните заедници и организации за успешно управување со одржливиот развој на заедницата. Волонтерите ќе работат со организациите и групите во заедницата во нивните напори да ги подобрат нивните активности што се идентификувани од страна на заедницата. Волонтерите и нивните локални колеги ќе работат заедно за да ги постигнат следните цели:
- Унапредување на капацитетот на организациите и групите во заедницата за справување со идентификуваните потреби на заедницата;
- Зајакнување на животните вештини на младите преку обуки, клубови и кампови;
Проширување на можностите за ангажман во заедницата, особено за младите.