Завршниот настан во рамките на проектот „Промената доаѓа од младите“ ќе се оддржи на 24.08.2023 со почеток од 19:30ч во паркот Шопен, Кисела Вода.
Преку стенд ап настапот на артистите Изабела Пан и Радо Алексовски ќе имате можност да дознаете многу повеќе за тоа што е младинско учество, колку е тоа важно и треба да се биде дел од истото. По завршувањето на стенд ап-от ќе настапи бендот Live Wire.
Целта на проектот „Промената доаѓа од младите“ е активно вклучување на младите од Кисела Вода во развојот на својата општина. На проектот се вклучени 20 млади со типичен развој или попреченост, поделени во 5 групи, тие ги мапираа прашањата кои ги засегаат младите во општина Кисела Вода и истите спроведоа свои иницијативи. Произлезените резултати од иницијативите беа адресирани до соодветните институции како чекор кон решавање на младинското прашање.
Активностите на проектот „Промената доаѓа од младите“ ги спроведува Центарот за младински активизам КРИК, во рамките на проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“, финансиран од Европската Унија. Проектот „Младинско учество за силен и одржлив развој на заедницата“ е воден и координиран од Коалиција на младински организации СЕГА.