Сојуз за младинска работа заедно со Балкан Идеа Нови Сад Ве поканува на завршниот настан на проектот DEEP-Diversity Educational E-resource Project во кој се креираа две многу интересни алатки, оналјн курс за младински работници и борд игра.
Целта на проектот е да ги зголеми пристап до интеркултурно учење коешто ќе ги усоврши младинските работници според нивните потреби. Овој проект ја адресира постоечката бариера помеѓу нивоата на развивање и квалитетот на младинската работа и овозможува меѓупартнерска соработка. На тој начин младинските работници од Западен Балкан работат заедно, споделуваат искуства и имаат меѓусебна поддршка за заедничко подорбување и развој на компетенциите на младинска работа дефинирани според ETS Competence Model.
На настанот ќе земат збор говорници кои беа дел од експертскиот тим во креирање на двете активности Culutre beats – борд играта достапна за млади и младински работници и онлајн курсот насловен DEEP-Intercutural Learning for Youth Workers.
Агенда
12:00-12:05- Воведен збор на претседателот на Сојуз за младинска работа, Илија Станковски
12:05-12:10 – Воведен збор на директорот на Локалната регионална канцеларија за млади во Скопје, Алберт Хани
12:10-12:25- Претставување на онлајн курсот за младински работници од страна на експертот Драган Атанасов
12:25-12:40 – Претставување на борд играта од страна на експертот Иван Чолич
12:40-13:10 – Играње на Culture Beats
13:10-13:30 – Прашања и дискусија
12:05-12:10 – Воведен збор на директорот на Локалната регионална канцеларија за млади во Скопје, Алберт Хани
12:10-12:25- Претставување на онлајн курсот за младински работници од страна на експертот Драган Атанасов
12:25-12:40 – Претставување на борд играта од страна на експертот Иван Чолич
12:40-13:10 – Играње на Culture Beats
13:10-13:30 – Прашања и дискусија
Овој проект е реализиран со поддршката на Регионалната канцеларија за млади (РИКО) и United Nations Peacebuilding Fund (UNPBF). Неговата содржина е на целосна одговорност на Сојузот за младинска работа и неговите партнери и не ги претставува неопходно ставовите на РИКО и/или UNPBF.