Здружението на спортски клубови „Каста Морели Стар“ го координира проектот „Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието“ кој се однесува на корисното влијание на спортските техники како едукативна поддршка во развојот на вештините. Проектот е кофинансиран од Програмата Еразмус + спорт на Европската Унија.
Проектот се спроведува помеѓу јануари 2021 и јуни 2022 година во партнерски конзорциум со Интеркултурната асоцијација за сите во Португалија, Центарот за младински активизам КРИК во Северна Македонија и Здружението за развој на млади и спорт од Турција.
Можностите за вклучување кои ги поддржуваат знаењата, вештините и ставовите стекнати преку неформалното образование играат важна улога во професионалниот развој. Проектот ја поддржува важноста на личните вештини, како основа за специјализирани вештини и развој на основни трансверзални вештини неопходни за секое лице во професионалната обука.
Целта на проектот е да се подигне свеста за додадената вредност на спортот и физичката активност во неформалното образование, како практично решение за развивање на личните вештини.
Проектот како главни активности вклучува:
- Меѓународен семинар „Спортскиот фокус во образованието“Семинарот ќе поддржи интерактивна рамка на комплементарност помеѓу спортот и неформалното образование, чија цел е да се развијат неформални образовни методи користејќи спортски техники во танцот, шахот, фудбалот, фитнесот и боречките вештини.
- Локални обуки кои ќе се одржат во Јаши – Романија; Барселос – Португалија; Скопје – Северна Македонија; Сивас – Турција;Локалните обуки имаат за цел да развијат корисна рамка за примена и подобрување на новосоздадената методологија и ќе имаат додадена вредност во развојот преку спортување на основните вештини на младите учесници.
- Кампања за подигање на свеста „Додадена вредност на спортот во образованието“,
Кампањата ќе се спроведува преку онлајн медиуми, локални работилници и јавни спортски настани во секоја вклучена локална заедница. Кампањата ќе ја нагласи улогата на спортот во образованието, асимилацијата на спортските вредности и создавањето нови можности во елементарниот спорт и неформалното образование.
За дополнителни информации, ве покануваме да ги следите промотивните страници на проектот https://www.facebook.com/youcandanceproject и www.youcandance.org.