“Машко си, не смееш да плачеш”
“Женско си, пази како се облекуваш”
Што?? Викаат дека ќе ни треба 95 години да го затвориме родовиот јаз. Па зошто да не го направиме тоа побрзо?
Ве поканувам на оваа работилница да зборуваме за родовите разлики и нееднаквости, за жените и за мажите. Ќе дискутираме што значи “нормалнo” за еден род, како културата и стереотипите ни ги оформуваат ставовите за овие теми и ќе учиме едни од (за) други преку интерактивни вежби и симулации.
Не откривам повеќе, пријавете се на следниот линк најкасно до 26.03.
Повикот е отворен за сите заинтересирани млади од 15-30 години.
(подеднакво и мажи и жени се охрабрени да аплицираат)
Работилницата е бесплатна и ќе се одржи онлајн на Zoom. Се гледаме во недела!
Оваа активност е дел од “Radical idea: EquALLity” спроведувана од Linking, Engagement, Advocacy and Development – LEAD стипендистката Сашка Стефановска, финансиски поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.