На 15 март, со почеток во 09:45 часот, во просториите на
Општина Куманово, ќе се одржи работилница на тема “A meaningful youth participation in INTERREG IPA: How to enable young people to take action?”.
Целта на работилницата е младите подобро да се запознаат со можностите што им се достапни преку европските Интерег-ИПА програми и конкретните начини за нивно вклучување.
Дополнително, ќе биде промовиран и „Младинскиот манифест“. Манифестот, објавен од страна на Европската комисија, ги презентира идеите на младите луѓе за Интерег-ИПА програмите и дава предлози за како овие програми подобро да се усогласат со очекувањата и потребите на младите. Истиот е достапен на следниот линк:

Настанот е организиран од Cooperation and Development Institute во партнерство со Europe in my region, во соработка со #НМСМ и Министерство за локална самоуправа.