АРНО во соработка со Јунус центарот за социјални бизниси на Економски факултет – Скопје при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, објавува повик за 20 студенти за учество на 3 работилници за развој на идеи за социјални бизниси. Условот за учество е да се присуствува на сите 3 работилници (А, Б, В). Работилниците ќе се одвиваат онлајн на платформата ZOOM.
Работен јазик: македонски
Работилница А: 01-ви јуни, 17-19ч
Работилница Б: 02-ри јуни, 17-20ч
Работилница В: 03-ти јуни, 17-20ч
Формуларот за пријави е отворен, пишете ни ја искрено вашата мотивација. Пријавувањето е отворено до 27-ми мај, до 14 часот.Избраните учесници ќе бидат известени на 29-ти мај, најдоцна до 14 часот.
АРНО е национален инкубатор кој во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Enterprises) спроведува програма која им овозможува на младите луѓе да развијат идеи за социјални бизниси. Младите претприемачи имаат можност да учат, растат и развиваат свои бизнис идеи преку работилници, програми за мобилност и финансиска поддршка, во исто време помагајќи им на локалните заедници да ги решаваат проблемите.
Овие работилници се наменски и се спроведуваат со цел да ги подготват младите кои сакаат да аплицираат на следниот повик за учество во RISE програмата (август/септември 2021, дополнително ќе се потврди).
На првата работилницата Ирина и Ивона од АРНО ќе дадат вовед во темата, ексклузивно претставување на програмата, апликацијата, искуствата, и други backstage информации за проектот.
Втората работилница ја води проф. д-р Стојан Дебарлиев Економски Факултет – Скопје, раководител на Јунус центар за социјални бизниси и е фокусирана на пронаоѓање на решение за проблем, работа во тимови, разработка на идеи, бизнис моделирање.
Третата работилница е посветена на доработка на идеи преку креативен процес, design thinking методологија со мастер креативецот Никола Војнов.
Често поставувани прашања:
– Дали може да дојдам само на 2-та и 3-та работилница?
Не, работилниците се осмислени да ги покријат сите чекори од апликацијата и се логично поставени.
-Дали мора да сум студент на УКИМ, дали е важно од која година и од кој факултет?
Да, ова е партнерство на АРНО и Јунус центарот за социјални бизниси, и во име на нашата прва соработка сакаме да пружиме шанса на студентите, за другите млади кои се заинтересирани ќе отворивме дополнителна пријава за покажување интерес. И не, не е битно од кој факултет која година, важно е да си студент на УКИМ.
– Дали треба да имам некаква идеја?
Не, само желба да размислиш, да бидеш проактивен/а, да работиш во група, и да присуствуваш на 3-те работилници.
RISE има за цел да го збогати екосистемот на социјално претприемништво на Западен Балкан и да им овозможи на младите луѓе да развијат иновативни општествени решенија, со што ќе придонесат за помирување и соработка во регионот.
Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција заразвој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО).Повеќе информации за проектот: https://www.risewb.org/