Работни позиции во Крик: 16 негуватели и 1 физиотерапевт

Отворени работни позиции во станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка на возрасни лица со попреченост

Позиција: Негувател (се бараат 16 негуватели) и Физиотерапевт (1 позиција)

Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно) во три смени за негувателите и 1 смена за физиотерапевтот

Вид договор: Привремен договор со посебни услови

Локација: Станбените единици се наоѓаат во Скопје. Лицата кои ќе се ангажираат ќе работат во станбените единици заедно со корисниците.

Позадина:

Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата  во 9 независни станбени единици во  Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и Центар за младински активизам Цма Крик ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка.

За време на оваа фаза на проектот (која е една година), персоналот ќе има склучен договор со проектот и ке биде платен од истиот. Планот е по крајот на една година, персоналот што работи во станбените единици за живеење да биде пренесен во надлежностите на Министерството за труд и социјална политика. За потребите на проектот, објавуваме оглас за вкупно 17 нови вработувања за работните позции Негувател (16) и Физиотерапевт (1).

Опис на работно место ( Негувател ) (16 позиции)

Негувател / асистент за независно живеење кој може да изврши помошно-професионална работа,  да дејствува ефикасно, ефективно и навремено и да ги решава проблемите и прашањата во врска со корисниците кои ги користат услугите.

Должности и одговорности (Негувател)

Работните задачи ги извршува негувателот во согласност со планот и програмата за работа на одделот за сместување, грижа и здравствена заштита на лица со тешка и најтешка интелектуална попреченост;

Врши дневна нега на полу-мобилни, неподвижни и мобилни корисници, поддржувајќи формирање, продлабочување и зајакнување на основните хигиенски и работни навики на корисниците (хигиена на кревет, лична хигиена, капење, бричење на корисникот, хигиена по физиолошка потреба , облекување, хранење на корисникот ако тој / таа не е независен итн.)

Обезбедување на функционирање на домаќинствато, што се заснова на индивидуална поддршка на корисникот, главно во овие активности:

–  Чистење на лични и заеднички простории, вклучително и употреба на производи за чистење;

–  Перење, простирање, пеглање алишта, складирање алишта;

–  Подготовка на топли и ладни јадења (вклучувајќи диети) и складирање храна;

​-  Употреба на апарати за домаќинство (микробранова печка, пегла, правосмукалка, итн.)

Се грижи за чување и одржување на инвентарот за кој е задолжен; за секојдневните активности, негувателот чува белешки и прави писмен прием во врска со сите забелешки на одделот, како и за вкупниот број на корисници и уредноста на корисниците;

Го зголемува надзорот на одреден корисник чие однесување го надминува вообичаеното и го надминува нивото на толеранција.

Го почитува кодексот на облекување и протоколот за однесување на вработените.

Поддршка во управувањето со личните финансии на клиентот.

Поддршка при личен шопинг, вклучително и употреба на јавни услуги (фризер, продавница, педикир, транспорт, итн.) И доколку е потребно обезбедување придружба за корисникот.

Поддршка во воспоставување и одржување на меѓучовечки и семејни односи.

Доколку е потребно, поддршка и придружба до медицинските амбуланти и соработка со лекари и медицински сестри. Информирање на координаторот за можни промени во терапијата со лекови на корисникот.

Учество во организирање културни и социјални акции, подготвување на корисниците за можни ситуации кои произлегуваат од тоа.

Информирање на корисниците за нивните права и поддршка во реализацијата.

Грижа за безбедноста и здравјето на корисниците, прва помош, повикување на брза помош. Информирање на надлежниот лекар при промена на однесувањето на корисниците

Следење на потребите на корисниците и водење на лична евиденција

Водење дневник за работа и посредување на корисник и советник за независно живеење (координатор) при давање на социјални услуги на корисникот

Води дневник за потребните активности во врска со обезбедувањеето грижа за корисниците во станбената единица.

Ја почитува волјата, желбите, приватноста и достоинството на секој корисник.

Обврска на тајност на податоците поврзани со корсиниците и работата на службата, што може да ги загрози основните интереси на работодавачот или вработените. Обврската продолжува и по престанокот на работниот однос.

Плата: 24 540 бруто плата. Постои можност за работен однос со договор за вработување и договор на дело, во зависност од потребите на вработените и организацијата.

Опис на работно место (Физиотерапевт) (1 позиција)

Должности и одговорности (Физиотерапевт)

Врши помошно-стручна работа, во насока на ефективно, ефикасно и навремено постапување и решавање на прашањата и проблемите поврзани со здравствена заштита, негата на корисниците кои ги користат услугите на Центар за младински активизам Цма Крик.

Должности и одговорности (Физиотерапевт)

Ја координира работата со колегите во службата

Применува и спроведува активности за функционалниот и моторниот развој на корисниците, соодветно на нивните потреби

Постапува по стандарди и процедури од подрачјето за коешто е стучен, следи и применува современи методи и техники на работа

Презема активности за подобрување на телесната функционалност и моторниот развој кај корисниците, и извршува дневни активности кои водат кон социјализација и социјално вклучување

Учествува во изведување на програмски активности насочени кон стимулирање на развој, заедно со членовите на стручниот тим

Заедно со Раководителот на службата и лекарот определуваат целна група на корисници кои ќе бидат опфатени со физиотерапевтски третман

Спроведува индивидуални и мануелни масажи, вежби за релаксација, вежби за попуштање на спазмот, вежби за јакнење на мускулатура, вежби за попуштање на контрактури

Плата: 28 221 бруто плата. Постои можност за работен однос со договор за вработување и договор на дело, во зависност од потребите на вработените и организацијата.

Потребни квалификации:

да биде државјанин на Република Северна Македонија

активно да го користи македонскиот јазик

да се биде возрасен

да имаат општа здравствена способност за работата

со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

Ниво на образование:

За негувател: Ниво Б3 минимално ниво на квалификации IV, 240 кредити според ECVET или MKSOO или четиригодишно средно образование

За физиотерапевт: Високо стручно образование (физиотерапевт)

Како да се аплицира:

Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Негyвател Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. 

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp