Разновидност заснована на вредности

Едукативна работилница за млади од 18 – 30 години.
Дата: 10 ноември, 2020, 10:00 -13:00

Работилницата е дел од проектот -„Образование, етноцентризам и сегрегација“спроведуван во партнерство помеѓу форум Цивилен мировен сервис, Македонија и Здружението за едукативен развој-Еквалис! Истата е подготвена и ќе биде водена од Драган Атанасов.
Работилницата е организирана во 2 сесии со времетраење од 90 мин и 30 мин пауза помеѓу нив.

Пријавете се заедно да ги истражиме можностите за прифаќање на различностите засновани на различни вредности; да ја зголемиме свесноста за сопствениот систем на вредности и однесувањата засновани на него; да го унапредиме разбирањето на туѓите однесувања како последица на различните вредносни системи и светогледи и со тоа да придонесме кон смалување на етноцентричните погледи на светот.

Аплицирајте на: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSeejlED3jhjxn8nTnjmomZgFbQCmWmGGichHfYfiPWJWGc1jw/viewform?fbclid=IwAR08CP34q053YdcXqhAFgQ4S9V6NfhCPP_oCHW5TD2KR2lX3kAcuHZA9-KY

 

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на проектот „World Children’s Day 2020 Kids Take Over – Reimagine Education“, поддржан од УНИЦЕФ, отвора повик за 24 (дваесет и четири) учесници на викенд-обука за младинско учество и квалитет на образование за млади. Викенд-обуката за младински застапници ќе се одржи online на платформата ZOOM со почеток на 13-ти ноември (петок) и ќе трае до 15-ти ноември (недела).

Со знаењата и вештините стекнати на оваа обука, младинските застапници ќе имаат прилика да ги претставуваат младите и младинските гледишта и ставови на  владин состанок на високо ниво на кој ќе присуствува Претседател на Владата на Република Северна Македонија г. Зоран Заев, Министерката за образование и наука г-а Мила Царовска, Министерката за труд и социјална политика г-а Јагода Шахпаска и други министерства,  вклучувајќи го шефот на делегацијата на Европската унија и претставничката на УНИЦЕФ. Средбата ќе се одржи на на 20-ти ноември 2020 година (петок), по повод Светскиот ден на детето.

Дел од избраните теми на кои младинските претставници ќе разговараат со високите претставници оваа година се: Квалитетно образование, Намалување на разликите во пристапот до дигитално образование, Ментално здравје и булинг во образованието, Градење вештини наспроти паметење на факти, Еко-училишта, Еднаквост и инклузивно образование.

Програмата на тренингот е составена од куси теоретски предавања од областа на квалитетно образование и работа во групи со менторство од младинските тренери на МОФ. Учесниците ќе имаат прилика да научат и да дискутираат за мапирање на институциите кои работат со младински прашања, квалитетно учење и ментално здравје и врсничко насилство во училиштата, но и да изградат свои случаи кои ќе ги презентираат во Владата на Република Северна Македонија на 20-ти ноември 2020 година. Ученички права, квалитет на образование и аргументирано изразување се дел од темите на кои учесниците ќе изградат вештини и знаења.

Сите заинтересирани млади на возраст од 14 до 18 години може да се пријават најдоцна до 11-ти ноември (среда) на пладне со испраќање на порака на адресата [email protected] со назнака KIDSTAKEOVER 2020.

Пораката треба да ги содржи следните информации:

  1. Име и презиме
  2. Телефон за контакт
  3. Електронска пошта
  4. Град и училиште
  5. Возраст
  6. На самиот тренинг ќе имате прилика да работите во групи на препораки за подобрување на животот и квалитетот на образование на младите во Северна Македонија. Во не повеќе од 2 параграфи наведете според вас, кој е најголемиот проблем со кои младите се соочуваат во нивното образование и на кој начин сметате дека истиот може да се надмине?

Рокот за пријавување истекува во среда, 11-ти ноември 2020, на пладне (12:00 часот).


Грижата за нашето ментално здравје е потребна во секое време и токму заради таа причина врсничките едукатори на Младите можат подготвија цел циклус на онлајн работилници кои ќе ти ги претстават преку 4 модули.

Преку работилниците ќе имаш можност да се поврзеш со твоите врсници, заедно да научите како да се грижите за сопственото ментално здравје и ќе слушнете совети како да ја одржувате вашата ментална хигиена.

Доколку сакаш да се пријавиш кликни на линкот http://bit.ly/mentalnahigiena

Сподели на