Поради системските пречки на серверот и веб страната на АМС, Огласот за финансиска поддршка на здруженија и фондации се реобјавува, а рокот на истиот за аплицирање е до 15 декември.
Врз основа на член 49 став (3) од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” бр.52/10, 135/11 и 55/16) и Програмата за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински чадор организации за 2021 (Сл. Весник на РСМ бр.8/2021) , Агенцијата за млади и спорт
ОГЛАС за финансиска поддршка на здруженија и фондации
Распределбата на средствата од Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година (Раздел 16101 – Агенција за млади и спорт, Потпрограма 30 – Млади, ставка 463 – Трансфери до невладини организации) наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации, ќе се врши согласно Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите ( бр. 01- 2683/1 од 06.11.2018 година), Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за определување постапка и утврдување критериуми за доделување средства за поддршка на проекти од областа на младите бр.12-291/1 од 29.01.2019, 12-2514/3 од 03.11.2019, 12-444/1 од 5.02.2020 година и 122167/1 од 2.11.2021 година, Националната стратегија за млади (2016-2025), Програмата за финансиска поддршка на проекти од областа на младите на младинските организации, организациите за млади и младински чадор организации за 2021 ( Сл. Весник на РСМ бр.8/2021). Распределбата ќе се врши врз основа на Одлука на директорот на Агенцијата за млади и спорт, на предлог на Комисија формирана од директорот на Агенцијата за млади и спорт.
1. Видови на проекти кои ќе бидат поддржани
Средствата од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт во вкупен износ од 1.200.000,00 денари, ќе се користат за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, преку финансиска поддршка за програми (проекти) на следниов начин:
Вонредна постапка: Финансиската поддршка не надминува повеќе од 300.000 денари од предлог буџетот во проектот, од обезбедените финансиски средства во вкупна висина од 3.000.000 денари во следниве приоритетни тематски области:
Опис на областите | |
Младинско учество | |
Младинска работа | |
Младинско информирање | |
Квалитет на живот | |
Вработување и поддршка пред вработување | |
Здравје | |
Култура |
За оставрување на следните цели
Опис на целите | |
Зголемен број на изворни младински иницијативи и здружувања | |
Препознавање на младинската работа како клучна алатка за помагање на позитивниот личен и социјален развој на младите | |
Достапност и транспарентност на информации од интерес на младите за остварување на нивните потреби | |
Обезбедување на квалитетна еколошка средина | |
Младите како проактивни и креативни партнери во процесот на надминување на невработеноста | |
Младите во креирање и спроведување на културните политики | |
Намалување на ризичното однесување и насилсво кај младите |
2. Временска рамка и вкупно предвидени/достапни средства
Средствата ќе се доделуваат еднократно за 2021 година. Рокот за реализација на проектот е од 1 до 12 месеци од денот на потпишувањето на договорот со Агенцијата за млади и спорт.
3. Основни организациски критериуми
Основни организациски критериуми кои треба да ги исполнуваат здруженијата и фондациите што учествуваат на овој оглас се:
- Да се регистрирани според Законот за здруженија и фондации;
Работат не помалку од една година од денот на нивното регистрирање во Регистарот на други правни лица при Централниот регистар на Република Македонија, пред денот на ојавување на повикот
- Да се регистрирани во Регистарот на младински организации, организации за млади и чадор младински организации
- Во последниот наративен извештај имаат спроведено минимум 2 активности со или за млади
- Работат со млади и чии активности се однесуваат на младите и имаат искуство во реализација на програми или активности со млади на локално, регионално, национално или меѓународно ниво
- Спроведуваат активности што се однесуваат на развој на статусот на младите во општеството, остварување на правата и обврските на младите, едукација, унапредување на статусот на маргинализираните групи на млади лица, потикнување на критичната мисла кај младите, потикнување на научни и истражувачки активности кај младите и младинската работа
- Не спроведуваат активности кои содржат елемнти на говор на омраза, потикнуваат насилство, меѓуетничка нетрпеливост или дејствуваат спротивно на Уставот и правните норми во Република Македонија
4. Проценка на квалитетот на проектите
Проценката на квалитетот на проектите на здруженијата и фондациите кои ги исполнуваат основните организациски критериуми, ќе се врши врз основа на следните општи критериуми:
Области | |
1. Организациски капацитети | |
предлог проектот да е во согласност со мисијата и целите на субјектот – предлагач | |
1.2. субјектот – предлагач да има соодветно искуство од минимум 1 (една) година во спроведување на слични проекти или активности | |
1.3. Кај субјектот – предлагач да постојат соодветни капацитети (човечки и материјални) кои би биле во насока на имплементација на предложените активности | |
1.4. Субјектот – прдлагач да вклучува волонтери во неговата работа при реализација на предлог проектот | |
1.5. Субјектот – предлагач да има годишна програма за работа, Стратегија или Акциски план | |
2. Квалитет на проектот | |
2.1. Релевантност на предлог проектот | |
2.2. Ефективност и ефикасност на проектните активности | |
2.3. Партиципација на целните групи | |
2.4. Одржливост на предлог проектот | |
2.5. Очекувани мерливи резултати од предлог проектот | |
2.6. Буџетска ефикасност на предлог проектот | |
2.7. Производи од проектните активности | |
2.8. Видливост на предлог проекот |
Секоја област од специфичните критериуми поврзани со Акцискиот план за имплементација на Националната стратегија за млади на Република Македонија и општите критериуми ќе се вреднува со 0,3, или 5 бодови, со следното значење: 0-не е исполнет критериумот; 3-делумно исполнет и 5- целосно исполнет бараниот критериум.
- Потребна документација која здружението / фондацијата треба да ја достави
Здруженијата и фондациите кои учествуваат на огласот треба да достават:
- Пријава за финансиска поддршка;
- Предлог – проект;
- Статут и решение за регистрација на здружението или фондацијата;
- Копија од решението за упис во регистарот за младински организации, организации за млади и чадор младински организации
- Наративен извештај за изминатата фискална година (2020);
- Завршна сметка на здружението или фондацијата за претходната година (2020);
Здруженијата и фондациите не можат да поднесат повеќе од една пријава за финансиска поддршка по огласот.
Напомена: Пријавите со непотполна документација (од точка 6) или пристигнати по истекот на предвидениот рок нема да се разгледуваат!
Доставените прилози не се враќаат.
6. Рокот и начин на доставување на пријавите
рокот на истиот за аплицирање е до 15 декември.
Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса:
Агенција за млади и спорт
Сектор млади
Ул. Македонија бр.38
(Палата „Панко Брашнаров“)
1000 Скопје
и да се достават лично во архивата на Агенцијата за млади и спорт до 16:00 часот.
Здруженијата и фондациите учесници на огласот ќе бидат известени за резултатите во рок од 10 дена од денот на донесување на Одлуката за распределба на средства од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт за 2021 година наменети за финансирање на програмски активности на здруженија и фондаци, преку веб-страната на Агенцијата за млади и спорт.
Пријавата за финансиска поддршка на здруженија и фондации, како и Образецот на Предлог-проектот можете да ги симнете на следните линкови:Оглас 2021 вонреденDownloadОбразец за Буџет DownloadПријава и Предлог проект за финансиска поддршка Download
Прашања за појаснување може да се поставуваат по електронски пат до Агенцијата за млади и спорт, на адреса [email protected]
ТЕКСТ