Секој ден е ден на планетата Земја

👋Здраво!
🤔Дали се мислиш како да го поминеш овој слободен ден поразлично и продуктивно?
💡Ние ИМАМЕ ИДЕЈА!
Те покануваме на супер 🚶‍♀️🚶‍ хајкинг, 🚵‍♀️🚵‍♂️ бајкинг и 🧹🗑 акциона дружба!
🌧Дождот нѐ спречи да се дружиме на денот на 🌏 планетата Земја, но овој пат се надеваме дека временските услови ќе ни излезат во пресрет🌞. И покрај сѐ, зарем не е секој ден ден на планетата Земја? 🤔
Приклучи се на нашата хајкинг (пешачка) тура со вкупна должина од 10км која ќе започне во
– 📍Злетово во 08:00 часот
– Пристигнување во 📍Лесново 10:30 часот
– Чистка (собирање на отпад долж патеката и на пределот кај боровата шума во Лесново)
– Дружба, не е сѐ служба – играње друштвени игри/слободно време
– Враќање назад кон Злетово 14:00
Или приклучи се на нашата бајкинг (велосипедска) МТБ тура со вкупна должина од 33км која ќе започне од
– 📍Пробиштип 08:00 часот
– поминува низ 📍Добрево, 📍Близанци
– пристигнување во 📍Лесново 10:30
и сѐ друго како и пешачката!
⚠️ПРИЈАВУВАЊЕТО Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО
❗НАПОМЕНА:
велосипедската тура ќе се одржи само доколку има доволен број на пријавени учесници.
ПОТРЕБНА ОПРЕМА:
– разгазени планинарски чевли;
– Капа и наочири за сонце;
– резервни маици и шушкавец или тренерка со долги ракави;
за МТБ
– кацига задолжително
– резервна гума задолжително
ХРАНА:
– секој сам си носи храна од ранец (суво овошје, сендвичи и сл.)
– вода 1,5 л.
Материјалите за чистење ќе бидат обезбедени.
ТУРАТА ќе се одвива по посебен ПРОТОКОЛ за запазување на мерките за КОВИД 19
– Сите мерки искажани од министерството за здравство се на сила.
– На почетокот и за време на турата растојанието помеѓу учесниците да биде минимум 2 метра, а доколку не е возможно да се држи растојание мора да се носат заштитни маски.
– Во текот на искачувањето одалеченоста на еден до друг учесник да биде 2м
– При застанување да нема групирања на повеќе од тројца.

Сподели на