СРУШИ ЈА СТИГМАТА! Да зборуваме за менталното здравје
Дали некогаш во твојата околина се зборувало за менталното здравје? Сметаш ли дека младите се доволно запознаени со оваа тема, го знаат нејзиното значење и умеат отворено да зборуваат за менталното здравје? Можеби имаш увид дека се смета за табу-тема, или нешто што неретко се занемарува?
Токму затоа сме тука: за заедно да ја срушиме стигмата околу менталното здравје, зборувајќи јасно и гласно за него, за предизвиците со кои се соочуваме, како и начините на кои можеме да го негуваме.
Со голема возбуда ве покануваме да се приклучите на нашите работилници во петок, 14-ти октомври, во катчето на Младите Можат, во 14:00 часот.
Кој може да учествува? – Сите млади на возраст од 13 до 26 години, кои сакаат да научат нешто повеќе за менталното здравје, за себеси и грижата за сопствената добросостојба.
Како да се пријавам? – Можеш да се пријавиш на гугл формата достапна на линкот.