Дали знаевте дека стресот е состојба во која нашиот организам се брани од некоја непосакувана ситуација?
Доколку сакате подобро да го разберете стресот, како и заеднички да дискутираме околу начините на кои можеме да се справиме со него, придружете ни се на нашата „Стрес - out! – работилница за млади за справување со стрес“!
Работилницата ќе ја спроведува Билјана Василевска Трајкоска – магистер по социјална работа, системски и семеен советник.
Учеството не се наплаќа, туку го обезбедувате со споделување на некоја ваша постапка со која сте помогнале некому или сте направиле нешто од корист на пошироката заедница. Можете да се пријавите на следниот линк: https://forms.gle/8i9GuZSWkyXHqPVJ8