„Скала“ со прва групна изложба

Под слоганот „Затоа што вашата уметност припаѓа во галерија, а не на инстаграм!“ „Скала магазин“ ја претставува првата групна изложбена поставка на авторски дела во повеќе медиуми од визуелните уметности, на тема „ПАТЕРН: Визуелни размисли за стереотипите“, во КСП Центар – Јадро, на 16 октомври, во 20:00ч.

„Скала магазин“ е платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, поврзување на студентите и независните артисти со организациите и компаниите, како и следење и поддршка на културните настани и сцена.

На конкурсот пристигнаа 77 дела [медиуми: сликарство, фотографија, графика, скулптура], од 32 автори. Селекторите во состав: Дејан Џолев [главен уредник на Скала магазин], Андреј Павлов [уредник на дизајн], Влатко Ристов [арт-директор, New Moment-New idea Company], одлучија на групната изложбена поставка да земат учество следните автори: Ана Андонова, Ана Трајковска, Андреј Игњатовски, Благица Здравковска, Давор Кешќец, Дамјан Ристевски, Дарко Трајковски, Дејвид Стоилковски, Елена Банчотовска, Калина Трајановска, Марко Вилиќ, Андреј Павлов, Марија Пејоска.

Проектот е поддржан од Democracy Lab и Школата за дизајн и уметност „Џолев и уметностите“, во соработка со КСП Центар – Јадро. 

 
 

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp