Тридневна обука за „Design Thinking…“

AРНО како национален инкубатор во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Enterprises) објавува повик за млади луѓе (18-35 години) за учество на обука Design Thinking за развој на социјално-претприемнички идеи која ќе се одржи во Охрид (Хотел Пела) од 22.08.2021- 24.08.2021. Обуката е наменета за сите кои се подготвени за нови креативни предизвици и заинтересирани за запознавање со основите на Design Thinking методологијата, изучување на конкретни методи, техники и вежби и искусување на целиот процес.
Трошоците за пат, сместување и храна се целосно покриени од страна на АРНО во склоп на проектот RISE. Работен јазик на обуката е македонски, со можност за асистенција на англиски јазик.

„Дизајн размислување“ (Design Thinking) е пристап користен од страна на креативците низ цел свет, преку кој се решаваат комплексни задачи за да се стигне до иновативно решение преку оживувања на имагинацијата. Design Thinking помага практично секој  да се прилагоди на неизвесните услови, а воедно да изнајде и out-of-the-box решенија на проблемите кои не’ опкружуваат.

Како се аплицира?
Пријавувањето е отворено до 10 ти август, до 12 часот. Линкот за аплицирање може да го најдете овде.
Избраните учесници ќе бидат известени на 12-ти август, најдоцна до 15 часот.

Кој може да аплицира?
Сите млади на возраст од 18-35 години, кои имаат или немаат искуство со design thinking, се младински работници/обучувачи, претставници од институции (оштини, агенции), вработени во приватен сектор, самовработени, но, секако и невработени и  мотивирани млади кои сакаат да најдат решение за локалните проблеми преку развивање идеи за социјални претпријатија.

Која е целта на обуката?
Оваа обука е наменска и се спроведува со цел да ги подготви младите кои сакаат да аплицираат на следниот повик за учество во RISE програмата кој ќе биде отворен на 26ти Август (ете, новост плус:)). Дополнително со учество на оваа обука, добивате можност да бидете дел од креативни иницијативи на АРНО каде се употребуваат design thinking методологијата.

АРНО е национален инкубатор кој во рамки на проектот RISE (Regional Incubator for Social Enterprises) спроведува програма која им овозможува на младите луѓе да развијат идеи за социјални бизниси и да научат нови алатки. Младите претприемачи имаат можност да учат, растат и развиваат свои бизнис идеи преку работилници, програми за мобилност и финансиска поддршка, во исто време помагајќи им на локалните заедници да ги решаваат проблемите.

RISE има за цел да го збогати екосистемот на социјално претприемништво на Западен Балкан и да им овозможи на младите луѓе да развијат иновативни општествени решенија, со што ќе придонесат за помирување и соработка во регионот. Проектот RISE е развиен и мониториран од конзорциум составен од Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО), ГРУПА СОС Пулс, Мрежа за млади на Југоисточна Европа (SEEYN), Францускиот институт и Француско-германската канцеларија за млади (ОФАЈ), а имплементиран од шест локални инкубатори – АРНО, Balkan Green Foundation, Nesto vise, Smart Kolektiv, IEC Tehnopolis и Yunus Social Business. Проектот RISE е кофинансиран од Француската агенција заразвој (АФД) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (РИКО). Повеќе информации за проектот: https://www.risewb.org/ 

 

Сподели на

Share on facebook
Share on twitter
Share on email
Share on whatsapp