Споделено Знаење организира уредувачка седмица на Википедија на македонски јазик насловен „Вики ја сака модата 2021“.
Вики ја сака модата 2021 — меѓународна иницијатива за збогатување на Википедија со содржини поврзани со модата и модната индустрија, поттикната од корисничката група Викидона, којашто се спроведува секоја година на крајот од месец септември, односно во периодот на одржување на Миланската модна седмица, Париската модна седмица и настани во организација на музејот Метрополитен. Главна цел на иницијативата е создавање содржини во врска со модата на што е можно поголем број јазични изданија на викимедиините проекти. Овогодинешната меѓународна иницијатива е во времетараење од 18 септември до 17 октомври 2021 година. Тема на овогодинешната меѓународна иницијатива е „кодекс на облекување“.
Во насока на поголема застапеност на темите поврзани со модата на македонски јазик, заедницата на Википедија на македонски јазик зема учество преку организирање уредувачки седмица во времетраење од 24–30 септември 2021 година.
Прво место: награда од купон во вредност од 4.000 денари