[wpml_language_selector_widget]

Церемонија за доделување на Наградата за младинско учество

По повод Меѓународниот ден на младите, Националниот младински совет на Македонија со задоволство ве поканува на овогодинешната Церемонија за доделување на Наградата за младинско учество којашто ќе се одржи на 12 август 2022 г. (петок) со почеток во 18:30 часот во Резиденцијата на Претседателот на Република Северна Македонија (Вила Водно, ул. „Ацо Караманов“, 33А Скопје).
Агенцијата за млади и спорт (АМС) во соработка со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) ја доделуваат овогодинешната Награда за младинско учество која се доделува во три категории: индивидуална категорија (млади на возраст 15-29), категорија за неформални групи на млади (од најмалку 3 членови) и категорија за младински организации, организации за млади и чадор младински организации. Наградата има за цел да го препознае и валоризира трудот на младите при адресирање на различни општествени прашања.
Агендата на настанот е достапна подолу:
18:30 – 19:00 ПРИСТИГНУВАЊЕ НА УЧЕСНИЦИ
19:00 – 19:30 ДОДЕЛУВАЊЕ НА НАГРАДИТЕ ЗА МЛАДИНСКО УЧЕСТВО
г. СТЕВО ПЕНДАРОВСКИ, Претседател на Република Северна Македонија – воведно обраќање
г. НАУМЧЕ МОЈСОВСКИ, Директор на Агенцијата за млади и спорт
г-а МАРИЈА КРСТЕВСКА, Претседателка на Национален младински совет на Македонија
Кратки обраќања на добитниците од трите категории.
19:30 КОКТЕЛ И ВМРЕЖУВАЊЕ
Поради ограничени капацитети,  Вашето присуство може да го потврдите со пополнување на следниот формулар – https://forms.gle/s8cgarnVtMdqbd5N8 , најдоцна до 9 август 2022, 12:00 ч.
Ве очекуваме заеднички да го прославиме Меѓународниот ден на младите!

Сподели на