ЦМА КРИК ГО ПРОДОЛЖУВА ПОВИКОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА КООРДИНАТОР НА 4 СТАНБЕНИ ЕДИНИЦИ ЗА ЖИВЕЕЊЕ СО 24 ЧАСОВНА ПОДДРШКА ВО СКОПЈЕ

Позиција: Координатор на 4 станбени единици за живеење со 24 часовна поддршка во Скопје

Работни часови: Целосно работно време (40 часа неделно)

Вид договор: Привремен договор со посебни услови

Позадина:

Проектот Добивање живот “- Деинституционализација на жителите на институцијата Специјален Завод – Демир Капија, се очекува да поддржи преселување на 45 лица со интелектуална попреченост од установата  во 9 независни станбени единици во  Вардарски регион. Со цел да се обезбеди поддршка на лицата со интелектуална попреченост што ќе живеат во независните станбени единици, ПИН и Специјален Завод Демир Капија ќе ангажираат персонал кој ќе обезбеди помош и поддршка.

За време на оваа фаза на проектот (која е една година), персоналот ќе има склучен договор со проектот и ке биде платен од истиот. Планот е по крајот на една година, персоналот што работи во станбените единици за живеење да биде пренесен во надлежностите на Министерството за труд и социјална политика. За потребите на проектот, објавуваме оглас за Координатор (1).

Опис на работно место ( Координатор) (1 позиција)

Ја координира работата во одделот и врши стручна работа во насока на ефективно ,ефикасно и економично работење,и реализација на поставените цели и надлежности на одделот.

Должности и одговорности (Координатор )

Ја насочува, обединува и координира работата на вработените и ги распоредува работните задачи на вработените во 4 станбени единици (вкупно 16 негуватели и 1 физиотерапевт)

Ја координира севкупната логистика која е потребна да се организира за да станбените единици функционираат секојдневно и ги опслужуваат услугите на корисниците.

Го прати интелектуалниот, психомоторниот и социјалниот развој како и можностите за работно окупационо ангажирање на корисниците и изготвува годишен и месечен  план  за работа на членовите од стручниот тим  за третман на корисниците ,

Го следи реализирањето на планот, ги насочува активностите и врши анализа на постигнатите резултати при што предлага мерки за подобрување на ефикасноста во делокругот на својата работа,

Ја следи почетната адаптација на корисникот,

Работи на сопствениот траен и професионален развој поради одржување и подобрување на квалитетот на работењето во сервисот,

Се координира и информира со тимот на Крик и ПИН за текот и резултатите од третманот на корисниците,

Води уредна, стручна дневна евиденција за извршените работни задачи, подготвува месечен и годишен извештај за работата на одделот

Спроведува дефектолошки, рехабилитациски и корективен третман

Носител е на програмската едукација за формирање на навики кај корисниците со тешка и најтешка интелектуална попреченост за изведување на основните активности од кругот на билошките, физиолошките и хигиенските потреби, па се до вклучување во воспитно – работни активнсти со постојан надзор и поттикнување.

Изготвува:

-Наод и мислење на стручен работник – дефектолог,

-Наод и мислење на стручен тим,

-Лист за следење на работата со корисникот на социјална заштита,

-план за индивидуална работа

– третман со корисникот на социјална заштита,

-Извештај за Индивидуална работа

– третман на корисникот на социјална заштита,

-Непосредна комуникација и координација со останатите вработени,

-Ги подобрува интерперсоналните односи на вработените во организацијата и создава позитивна клима за работа.

Место на извршување на работните обврски: канцеларија на ЦМА Крик во Пржино и местото каде станбените единици ќе бидат поставени (сеуште не се воспоставени).

Почеток на работата: Почеток на декември 2021

Во период на декември и јануари се планирани чести посети на Специјалниот завод Демир Капија како би се подготовувале корисниците за преселба во Скопје.

Почетна плата: 28 000 мкд

Потребни квалификации:

да биде државјанин на Република Северна Македонија

активно да го користи македонскиот јазик

да се биде возрасен

да имаат општа здравствена способност за работата

со правосилна судска одлука да не е осуден на забрана за вршење професија, дејност или должност

да има искуство во работа со лица со попреченост

да има добри координативни и организациски способности

Високо образование во областа на: Социјална работа, психолог или специјален едукатор

Како да се аплицира

Мажите и жените се подеднакво охрабрени да аплицираат. Ве молиме, испратете CV на е-адресата: [email protected] и [email protected]

Насловот треба да ја наведува позицијата на работата и вашето име Пр. Координатор Петар Петровски. Апликациите поднесени во други форми нема да бидат разгледани.

Само селектираните  кандидати ќе бидат контактирани. Сите кандидати се охрабруваат да аплицираат. Рокот за пријавување е до 19-ти ноември 2021 година, во 23:59 часот.

Сподели на