Цма Крик објавува повик за учесници за локален тренинг “Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието”

Цма Крик објавува повик за учесници за локален тренинг “Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието”

20– 22 Мај 2022, Скопје, Македонија

Профил на учесници: млади лица на возраст од 15-35години

Позадина за обука: Локалната обука е активност на проектот Проширување на границите на меките вештини, ПАСПОРТ во образованието. Проектот се доближува до бенефитното влијание на спортските техники како едукативен метод кој може да се примени во едукативните курсеви за развој на меките вештини на корисниците.

Цел на обуката: Локалните обуки ќе создадат рамка за примена на спортска методологија создадена во рамките на семинарот “Спорт фокус во образованието” и развиена во рамките на проектната брошура. Обуката има за цел да придонесе за развивање на меките вештини кај младите преку спортски активности.

Обуката има за цел да ја зголеми мотивацијата на учесниците да учествуваат во неформални и волонтерски активности, активно да се вклучат во животот во заедницата и да ја подобрат физичката состојба поддржувајќи здрав и активен животен стил.

Спорт:За време на обуката ќе се применат 5 од методите креирани избрани од тимот на тренери.

На локалните тренинзи ќе бидат применети спортските методи создадени во рамките на меѓународниот семинар Спорт фокус во образованието, меѓу кои танц, пилатес, фудбал, шах, фитнес, зумба и боречки вештини.

Тренери од Португалија, Турција, Романија и Македонија.

Агенда на тренингот 

Кратка програма
Вовед и краток проект и Еразмус+ презентација

Запознавање

World Cafe за дефинирање на концептот: неформално образование преку спортски техники

Примена на неформални методи преку спорт – 1

Дебрифинг и заклучоци

 Примена на неформални методи преку спорт – 2&3 Дебрифинг и заклучоци
Примена на неформални методи преку спорт – 4

Дебрифинг и заклучоци

Евалуација и делење на сертифики

Конечни заклучоци и евалуација

 Доколку сте заинтересирани да учестувувате, ве молиме пополенете ја следната апликациска форма.

За повеќе информации, контактирајте не на [email protected]

Сподели на